Седницата за Јемен без резолуција

Од:

Вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Јемен, свикана на барање на Русија, заврши без резолуција за кризата во таа земја.

Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин, кој ја побара седница, праша поради што неговите колеги зборуваат за потребата да се помогне на таа земја, а не можат да преземат акција, пренесува Танјуг.

Седницата синоќа беше одржана зад затворени врати, откако генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун соопшти дека Јемен се наоѓа на раб на колапс.

Според дипломатски извори, Русија сакала да се зборува за тешката хуманитарна и безбедносна ситуација во најсиромашната африканска земја, додека сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија, продолжува со воздушните удари против шиитската бунтовничка група, поддржана од Иран.

Чуркин, после седницата, пред новинарите ја прочита резолуцијата за која се залагал, а во која се повикува на итен прекин на огнот, барем од хуманитарни причини. Тој истакна дека одделни членови на СБ инсистирале дека за понатамошните акции треба да се консултираат со своите влади.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен