Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за надворешна политика.
На седницата новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Австралија Веле Трпевски ќе ја претстави својата платформа за дипоматските активности.
На дневен ред е и Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка при изградбата на гасоводот – кракот на гас во Република Македонија.