Неколку дена пред изборите во САД се зголемува притисокот врз поранешниот републикански претседател на САД – Џорџ Буш да ја поддржи демократската претседателска кандидатка Камала Харис, пишува „Дејли Мејл“.
Притисокот врз Буш се зголеми откако неговата ќерка Барбара Буш се кандидираше на демократската листа.
Поранешната републиканска претставничка во Претставничкиот дом на САД, Лиз Чејни го повика Буш да зборува за наводните опасности доколку републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп биде избран на изборите на 5 ноември.
Портпаролот на Буш изјави за Дејли Мејл во септември оваа година дека поранешниот претседател не планира да изрази јавна поддршка за претседателските кандидати.
Портпаролот рече дека ниту Буш, ниту неговата сопруга Лора нема да откријат за кого ќе гласаат на 5 ноември.