Се зголемува активноста на вулканот Кључевски на Камчатка

Од:

Активноста на вулканот Кључевски на рускиот полуостров Камчатка се зголемува, соопштија руските сеизмолошки станици, јави ТАСС.

Во регионот на вулканот има снежни врнежи и облаци, така што експертите не можат да кажат дали лавата почнала да се излева од кратерот.

Се очекува кон 8 и 9 јануари облаците над вулканот да се расчистат и експертите ќе можат да видат во која фаза е неговата активност.

Вулканот Кључевски е највисоиот активен вулкан во Евроазија. Тој се наоѓа на 4.750 метри надморска височина и се смета за еден од најактивните на планетата.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија