Индиската полиција објави дека при денешниот судар во воздух на два воени авиона за врема на проба за аеромитинг во јужната сојузна држава Карнатака, загина еден пилот, а двајца се повредени, но не се во животна опасност.
Министерството за одбрана на Индија соопшти дека двата авиона „Хок“ се судриле во близина на базата Јелаханка.
Авионите беа дел од тимот што треба да настапи на петдневниот аеромитинг „Аеро Индија 2019“, на кој ќе присуствуваат речиси 500 индиски и странски фирми од областа на авијацијата и одбранбената индустрија.