Воен авион од типот Ербас А400М се урна во зоната на аеродромот Сан Пабло во Севилја, Шпанија, соопшти шпанското министерство за одбрана, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Според шпанското министерство за одбрана, авионот не бил пилотиран од шпански пилоти, според весникот Ел Паис, авионот бил на пробен лет и тој се уште не бил испорачан.
Шефот на шпанската влада Мариано Рахој, зборуваше за 8 до 10 лица кои се наоѓале во авионот, изразувајќи сочувство. Тој притоа го откажа предизборниот митинг во Тенериф на Канарските власти.
Поради падот на авионот другите летови од Севилја доцнеле. Ербас ги монтира воените везрии на својот авион А400М во својата фабрика во Севилја, каде отвори кризна ќелија.
Засега нема информации зошто се урнал авионот.