Најмалку 17 лица загинаа, а уште осум се повредени во уривањето на повеќекатница во Александрија, јавува АФП. Осумкатницата во работничката четврт се урна околу 7:00, а во зградата станувале повеќе од 30 семејства.
Се уште е во тек операцијата за спасување. Спасувачите со голи раце пребаруваат во урнатините, од кои се слушаат повици на заробените.
Поради лошата изградба и одржување, ваквите несреќи во Египет стануваат се почести.