Се урна мост во САД, вагони со асфалт и сулфур пропаднаа во реката Јелоустоун

Од:

Мостот на реката Јелоустоун во американската сојузна држава Монтана денеска се урна, по што асфалтот и сулфурот, отровни материи што ги превезувал товарен воз кој се наоѓал на мостот во моментот на уривањето, влегле во реката.

„Вагоните носеа асфалт и сулфур“, рече началникот на службата за итни случаи на округот Стилвотер, Дејвид Стами.

Официјалните лица го исклучија снабдувањето со вода за пиење низводно додека се проценува опасноста.

Стејми рече дека нема непосредна опасност за екипите кои работат на местото на настанот и дека опасниот материјал бил разреден во надојдената река.

Извештаите укажуваат дека возот се превртел поради уривање на мостот. Во реката и на делот од мостот кој се урна имало осум вагони.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“