Се создава „чудовиште“, Русија и Иран ќе потпишуваат голем договор

Од:

Москва и Техеран ќе потпишат голем меѓудржавен договор, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Веста е објавена по телефонскиот разговор меѓу шефот на руската дипломатија и неговиот ирански колега, Хосеин Амир Абдолахиан.

„Страните ја истакнаа својата посветеност на основните принципи на руско-иранските односи, вклучително и безусловното почитување на меѓусебниот суверенитет и територијален интегритет, што ќе биде потврдено во голем меѓудржавен договор што се подготвува за потпишување меѓу Руската Федерација и Исламската Република Иран“, се вели во соопштението, истакнувајќи дека тоа ќе биде потврдено во споменатиот договор, пренесе РИА Новости.

Сергеј Лавров истакна дека Москва и Техеран ги зголемуваат заедничките напори за создавање „еднаков мултиполарен свет“.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу разговараше и со својот ирански колега, бригадниот генерал Мохамед Аштиани, за актуелни прашања од воената и воено-техничката соработка, а се разговараше и за регионални безбедносни прашања, соопшти руското Министерство за одбрана. И Русија и Иран во моментов се „број еден“ непријател на западните земји, Русија поради инвазијата на Украина, а Иран поради помагањето на Русија, но и поддршката на милитантните исламистички групи поврзани со бројни напади.

Западните медиуми постојано предупредуваат за опасниот сојуз што се создава, објаснувајќи ги последиците што може да ги има.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади