Се самозапалил пред канцеларијата на премиерот

Од:

56-годишниот Анџеј Филипјак од Кјелце, на југоисток на Полска, вчера се самозапали пред канцеларијата на полскиот премиер Доналд Туск, додека во исто време синдикалните активисти, протестираа пред седиштето на Туск.

По инцидентот тој е префрлен во болницата каде што лекарите го држат во вештачка кома, бидејќи има изгореници на 60 проценти од телото.

–Тоа го направи поради бедата. Беше скршен и огорчен од состојбата во која што се наоѓаме. Не беше вработен, а Министерството одбиваше да ни ја зголеми помошта. Немаме од што да живееме – изјави неговата сопруга Вјеслава Филипјак.

Брачниот пар Филипјак кој што е заедно веќе 35 години и има возрасни деца, западна во беда откако Анџеј ја повреди кичмата и веќе не можеше да работи како ѕидар, а друга работа нема.

-За сето зло во нашето семејство тој ја обвинуваше власта, која не знае да управува. Поради неа луѓето немаат работа и средства за живот – истакна таа и додаде дека живеат од социјалната помош.

Филипјак седнал на клупата пред канцеларијата на премиерот се полил со запалива течност и без збор се самозапалил.

Синдикалните активисти кои во тоа време протестирале пред канцеларијата се обиделе да му помогнат и ја изгасиле облеката која што била на него.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

Хавковски: Зеленски сака Полска да соборува ракети над Украина