Се самозапали гласач во Романија

Од:

Жител на романскиот град Петрила денеска се самозапали додека траеше гласањето за избор на градоначалници и локални советници.

Романецот кој гласал на изборното место во едно училиште се заканил дека ќе се запали, а како причина навел дека бил оштетен во неколку наврати порано од градоначалникот на Петрила. Тој неколку години водел правен спор со општинските власти за имот кој бил негов.

По заканите, влегол во училиштето да гласа и се запалил.

Веднаш интервенирале противпожарните единици и полицијата кои успеале да го изгаснат огнот, а човекот е префрлен во болница.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“