Се самоубила поради „крај на светот“

Од:

Изабел Тејлор, 16-годишна ученичка од малото гратче Нестон во Англија, се обесила во својот дом, верувајќи дека во 2012-тата, нуклеарна катастрофа ќе го означи крајот на светот. Истражувајќи на интернет за задача која и била дадена како домашно, Тејлор се убедила себеси дека следниот месец ќе настане крај на цивилизацијата.

Девојката, како што пренесуваат британските медиуми, одлучила да не страда во тешките денови кои доаѓаат и самата си го одзела животот.

Вчеравечер, мртвото тело на девојката го пронашла нејзината мајка Ингрид. Таа и таткото на Избела, Гери, уништени од болка им изјавиле на новинарите дека суште бараат одговор зошто девојката посегнала по својот живот. Рекле дека Избела одсекогаш тежнеела за совршен свет без неправда и страдање, но ниту на крај памет не им било дека девојката ќе си посегне по својот живот.

„За жал никој не можеше да претпостави дека иднината во нејзините очи изгледала толку црно“, изјавил 51-годишниот татко на девојката.

Можам само да заклучам дека не била подготвена да се прилагоди во светото на возрасните – низ солзи раскажувал таткото, превземајќи дел од одговорноста што не воочиле во колку тешка состојба се наоѓа Изабела.

Нејзината мајка, пред полицијата изјавила дека Изабела понекогаш ќе споменела за оваа тема додека вечерале. Тие секогаш според нивните изјави и велеле да не се загрижува премногу за тоа и дека најверојатно тое нема да се случи.

Во последната година Изабел одлучила да смени неколку свои ставови – од католик да прејде во Будистичкото верување и станала вегетаријанец. Сетоа тоа родителите го прифатиле без негодување верувајќи дека таа мора сама да ги гради своите ставови. Во нејзиното последно писмо таа им се заблагодарила за поддршката но, рекла дека ниту тоа не било доволно за да ја издржи тортурата на светот.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство