Се самоуби инспекторот задолжен за „Шарли Ебдо“

Од:

Ерлик Фред, инспекторот кој беше задолжен за истрага на масакрот во редакцијата на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, извршил самоубиство, пренесуваат светските медиуми.

Инцидентот се случил во Лимож во канцеларијата на инспекторот во четврток вечер, непосредно по состанокот кој Фред го одржал со семејството на една од жртвите.

Според прелиминарните информации Фред се самоубил пред да го напише извештајот за она што изјавило семејството. Тој полициската кариера ја започнал во 1997 година во Версај, а потоа се вратил во Лимож каде што од 2012 година бил на функцијата заменик директор на регионалната полиција.

Француските медиуми наведуваат дека 45-годишниот инспектор имал проблеми со депресија, додека од полицијата тврдат дека се во шок.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ