На фарма во Индија, се родила коза со едно око. Според земјоделецот ова е прв пат вакво нешто да се случи.
„Никогаш не сум видел вакво нешто. Вчера козата окози две младенчиња, едната беше сосема нормална, а другата беше родена со едно око. Јас не разбирам, навистина“, изјавил изненадено земјоделецот.
Заклучокот од ветеринар е дека дошло до аномалија предизвикана од генетско нарушување.