Уште двајца португалски министри денеска ќе поднесат оставка, објавија локалните медиуми.
Според нив, оставка ќе поднесат министерот за земјоделство Асунсао Кришас и министерот за социјална заштита Педро Мото Соареш. Тие ќе го следат примерот на лидерот на партијата ЦДС-ПП Пауло Порташ, инакуминистер за надворешни работи.
Португалскиот премиер Педро Пасош Коељо изјави дека не планира да поднесе оставка иако двајца клучни членови на неговата Влада поднесоа оставка деновиве.
Коељо синоќа изјави дека не ја прифаќа оставката на Порташ и оти ќе продолжи да ја води Влдата на десен центар со цел обезбедување на политичка сигурност и надминување на застојот.