Толку се зборува за Јапонките кои остануваат девици и во поодминати години, што често се заборава дека и нивните несудени партнери живеат во продолжен целибат.
Феноменот на „машки девици“ е многу распространет во земјата на изгрејсонцето.
-Никогаш не сум имал девојка. Не дека тоа не ме интересира. Јас ги сакам жените, но едноставно врските не ми успеваат, се доверува Такаши Сакаи.
Во својата 41 година од животот, Сакаи признава дека никогаш не водел љубов со жена и дека не знае како да ја загуби невиноста.
Во Јапонија 25 отсто од мажите кои „загазиле“ во четвртата деценија и натаму се невини, што е раст од три отсто во периодот од 1992 до 2010 година.
Процентот на Јапонки од истата ворзасна група кои се соочени со невиност, сепак, е значително опаднат: додека во 1992 година имало повеќе од 40 отсто, во 2010 година нивниот број опаднал на 25 отсто.
Иако нема споредливи статистички податоци на светско ниво, сепак, може да се заклучи дека сексуалниот живот на Јапонците е помалку активен од сексуалниот живот на населението од другите развиени земји.
Само 30 отсто Јапонци ја загубиле невиноста пред навршени 20 години, се истакнува во истражувањето објавено во 2010 година. Како споредба, во Германија процентот на тинејџери кои ја загубиле невиноста достигнува 80 отсто.
За стручњаците оваа незаинтересираност за секс пред се е последица на економската криза. Објаснувањето лежи во „двете загубени децении“ по крахот на финансиските пазари од почетокот на 1990-тите.