Се помалку опции за Трамп, Мичиген го поддржа Бајден

Од:

Републиканците од сојузната држава Мичигeн, кои синоќа се сретнаа со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа, изјавија дека немаат информација што би можела да го промени резултатот од претседателските избори во државата и дека тие ќе се придржуваат до „нормалната“ изборна процедура.
Мичиген е една од државите во кои адвокатите на Трамп поднесоа тужби за оспорување на победата на Бајден.

– Немам инфомација која може да го промени исходот од изборите во Мичиген, изјави Мајк Ширки, лидер на републиканското мнозинство во Сенатот на државата Мичиген.

Тој и Ли Чатфилд, спикер на Претставничкиот дом во оваа држава, предупредија дека сите сомнежи за фалсификат на изборите ќе бидат детално истражени.

Според некои американски медиуми, откако тимот на Трамп се соочи со серија судски порази тие сега се обидуваат да ги убедат законодавците републиканци во повеќе сојузни држави да го прогласат Трамп за победник на изборите.

Ширки и Чатфилд изјавија дека го повикале претседателот Трамп да му овозможи на Мичиген поголема финансиска помош за борба со пандемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп размислува за нови царини

Трамп: Ќе им дадеме пари на имигрантите за да ја напуштат Америка