Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека осудата на француската крајно десничарска лидерка Марин Ле Пен и нејзината забрана да се кандидира на претседателските избори во 2027 година е „многу голема работа“.

Трамп рече дека многумина мислеле дека Ле Пен нема да биде осудена за проневера на јавни средства, пренесува Ројтерс.

„Но, ѝ е забрането да се кандидира пет години, а таа е водечки кандидат. Звучи како оваа земја, многу звучи како оваа земја“, рече Трамп, осврнувајќи се на правните случаи против него пред да ја преземе функцијата.

Трамп беше обвинет за прикривање тајна исплата на порно ѕвезда, за обид да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година, кои ги загуби, и за задржување доверливи документи по завршувањето на неговиот прв мандат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Никој не го видел новиот ирански лидер, Трамп се сомнева дека е воопшто жив

Америка го нападна клучниот ирански остров, Иран најави одмазда

Предраг Петровиќ

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди

Венс е скептичен во врска со американските напади врз Иран

Трамп: Нападите врз Иран ќе бидат уште поинтензивни следната недела