Се огласи сенаторот Кенеди за нападот врз училиште во Иран: Беше ужасно, направивме грешка

Од:

Републиканскиот сенатор Џон Кенеди се извини во име на Соединетите Американски Држави за воздушниот напад врз женско училиште во Иран во кој загинаа 175 лица. Извинувањето дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека трагедијата можеби била предизвикана од иранска ракета што ја промашила целта.

„Беше ужасно. Направивме грешка. Други земји ги прават овие работи намерно, како Русија. Ние никогаш не би го направиле тоа намерно. Мислам дека одделот сега истражува и ми е жал“, им рече Кенеди на новинарите на Капитол Хил, објави NBC News.

„Навистина ми е жал што се случило тоа. Беше грешка“, додаде тој.

Трамп на прес-конференција рече дека не е сигурен дали американската војска е одговорна за трагедијата на првиот ден од војната, откако се појави видео на кое се чини дека ракета Томахавк го погодува училишниот двор. Училиштето се наоѓа во близина на седиштето на Иранската револуционерна гарда.

„Не сум го видел тоа видео, но ќе кажам дека Томахавкот, кој е едно од најмоќните оружја, го користат и други земји, знаете, се продава и користи во други земји“, рече Трамп.

На прашањето дали го обвинува Иран за нападот врз училиштето Минаб, претседателот рече: „Едноставно немам доволно информации за тоа“.

„Ми беше кажано дека случајот е под истрага, но Томахавките ги користат и други земји, како што знаете. Многу земји имаат Томахавки затоа што ги купуваат од нас. Но, секако ќе ги прифатам наодите од истрагата, какви и да се“, нагласи Трамп.

Тој претходно во саботата изјави дека „мисли дека Иранците го направиле тоа затоа што се многу непрецизни со своите ракети“.

Би можело да ве интересира

Блументал: Изгледа ќе испраќаме копнени трупи во Иран

Трамп: „Ако Иран ме убие, еве што ќе се случи со таа земја“

Иран: Нападнавме најсилно од почетокот на војната

Аракчи: Израел не сака да се видат последиците од иранските напади, а ние само што почнавме

Револуционерна гарда тврди: Во тек е голем напад врз американските бази и Петтата флота

Хутите испратија порака до Иран: „Ќе ја уништите славата на Америка“