Се огласи Белата куќа за авионската несреќа: „Смртта на Пригожин не би била изненадување“

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден бил информиран дека дошло до авионска несреќа во која, како што се сомневаат, бил лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Иако е потврдено дека Пригожин бил на списокот на патници, се уште нема официјална потврда дека се качил во авионот. Она што е познато е дека на летот требало да има седум патници и тројца членови на екипажот, а сите во авионот се мртви. Досега се пронајдени осум тела.

Бајден се уште нема официјално соопштение, а американскиот претседател оваа недела е на одмор. Тој моментално се наоѓа во долината Тахо, Калифорнија.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа рече дека „никој не треба да биде изненаден“ ако се потврдат извештаите дека основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин бил во соборениот авион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива