Се обединија ирачки огранок на Ал Каеда и сириски екстремисти

Од:

Ирачкиот огранок Ал Каеда и најмоќната екстремистичка група меѓу бунтовниците во Сирија, официјално се здружија во борба против режимот на претседателот на Сирија Башар ал Асад, и формираа нова организација т.н. Исламска држава во Ирак и Левант.

Агенцијата „Франс прес“ оцени дека ново формираната организација може да биде уште посилен противник на власта на Асад, па дури и да стане доминантен играч во силите кои таа власт би ја презеле.

Ова обединување ја јакне аргументацијата на официјален Дамаск, дека режимот на Асад всушност се бори со терористи и дека востанието во Сирија е заговор поддржан од странство.

Обединувањето беше најавено од лидерот на Исламската држава во Ирак Абу Бакр ал Багдади во аудио порака, која во понеделник беше ставена на сајтот на оваа милитантска организација.

Зборот „Левант“ во името на новата организација е традиционално за регионот од јужна Турција до египетското источно крајбрежје на Средоземното море.

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, ги повика исламските борци во Сирија да се здружат против Ал Асад.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка