Се излеаja 79.500 литри нафта во Тихиот Океан

Од:

Од оштетен нафтовод се излеаја 79.500 литри нафта во Тихиот Океан, формирајќи лента долга 6,4 километри долж централниот брег на Калифорнија, соопшти американската Крајбрежна стража.

Реагирајќи на миризбата која се појавила во близина на Рифуџио стејт бич, властите вчера ја пронашле лентата излеана нафта, формирана во океанот во должина од 800 метри, ја пренесува Танјуг изјавата на шефот на противпожарната служба Дејв Занибони.

Тие ја следеле трагата од нафтата на копното од оштетениот нафтовод, која се сливала во одвоен канал под автопат во одвод кој се влева во океанот.

Нафтоводот во сопственост на фирмата „Плеинс оил американ бил исклучен три часа подоцна, но лентата во морето веќе достигнала 6,4 километри.

Крајбрежната стража и службите за итни случаи почнаа со акција за пружање помош, но имаат проблеми поради големото количество нафта, која е близу брегот, изјави портпаролот на Крејбрежната стража Џенифер Вилијамс. Тој додаде дека 3200 литри нафта се извадени од водата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски