Во градот Памплона во Шпанија се е подготвено за претстојниот традиционален фестивал, познат како Сан Фермин, на кој секоја години се одржува популарната трка со бикови.
Во Памплона, кој се наоѓа во регионот Навара во северниот дел на земјата, со поставување на висока заштитна ограда на главните улици, каде од утре ќе бидат одржани трките со бикови, завршени се и последните подготовки за овој настан.
Во градот со 200.000 жители мнозинството живеат од приходите заработени за време на одржувањето на традиционалната трка со бикови. Во продавниците во градот, на секој чекор можат да се купат реквизити, маичи, шалови и филџани со знаците на фестивалот.
Сан Фермин е еден од најпознатите фестивали во светот. Се одржува секоја година од 6 до 14 јули во Памплона. Секој 6 јули, точно на пладне, од терасата на Градската куќа со церемонијата „Чимпанзо“, под команда на градоначалникот, се огласува плутон и фестивалот се прогласува за отворен.
Секоја година со повреди завршуваат меѓу 200 до 300 учесници на трката, меѓу кои три отсто потешко. Повеќето се повредуваат при пад, а некои завршуваат под копитата на говедата или биковите ги набодуваат на своите рогови, и покрај зголемените мерки за безбедност.
На Фестивалот, покрај секојдневните трки со биковите, се одржуваат и концерти, настапи на фолклорни групи, верски обреди и деноноќни дружења по локалите.
За традиционалната трка со биковите „Енсеро” организаторите обично избираат силни бикови, кои мора да ја минат специјално одредената патека и да дојдат до арената каде што во вечерните часови се одржуваат традиционалните борби со бикови. Вообичаено, трките траат помалку од три минути.