Советот за безбедност на ОН синоќа остро го осуди ракетниот напад врз тролејбус на истокот на Украина, во кој загинаа 13 луѓе, додавајќи дека одговорните за нападот треба да бидат изведени пред лицето на правдата.
Официјална Москва нападот го карактеризира како злосторство против човештвото.
Во соопштението кое денеска го усвои 15 членки на СБ на ОН, вклучувајќи ја Русија, се повикува на „објективна истрага“ и се укажува на потребата „извршителите на овој ужасен чин да се изведат пред лицето на правдата“.