Саудиските власти предупредија на претпазливост при контакт со камили поради коронавирусот

Од:

Властите на Саудиска Арабија ги предупредија луѓето кои се грижат за камили, да носат маски и ракавици, за да не се заразат со коронавирусот на блискоисточниот респираторен синдром.

Првпат вакво предупредување се упатува од властите на земјата, каде бројот на заразените од потенцијално фаталниот вирус изнесува 500 лица. Од нив околу една третина веќе починаа.

Саудиското Министерство за здравство предупредува да се јаде само термички обработено месо од камила, а млекото да се пие само откако ќе се свари.

Првиот случај на заразата беше регистриран пред две години.

Поврзаноста меѓу случаите кај луѓето и камилите е предмет на анализи на странски научници.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика