Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор на садускиот крал Салман ибн Абдул Азиз ал Сауд детално му ги појасни предлозите од заедничката изјава на Русија и САД за решавање на кризата во Сирија, соопшти прес-службата на Кремљ.
Кралот на Саудиска Араија го поздрави договорот и изрази подготвеност за заеднички дејствија со Русија за негово спроведување, се додава во соопштението.
– Договорено беше контактите по тоа прашање да продолжат, додава Кремљ.