Саудискиот крал Салман примен во болница заради медицински тестирања

Од:

Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз, денеска е примен во болницата во градот Џеда на Црвеното Море, на медицински тестирања, јавија саудиските медиуми врз основа на соопштението од кралската палата.

Кралот Салман стана владетел на најголемиот светски извозник на нафта во 2015 година, откако претходно 2,5 години беше престолонаследник и вицепремиер, наведуваат британските медиуми.

Кралот (86) во 2020 година имаше операција на жолчното кесе, а во март годинава му беше извршена замена на батеријата на пејсмејкерот на срцето, пренесуваат британските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија