Саудискиот крал Абдула во посета на Каиро за поддршка на новиот претседател

Од:

Кралот на Саудиска Арабија Абдула се наоѓа во посета на Египет, како знак на силната поддршка на официјален Ријад за новоизбраниот претседател Ал Сиси.

Саудискиот крал, кој има 90 години, сметал дека и покрај редовната комуникација што ја има со Сиси, финансиските донации за Египет и испораката на нафта, треба да допатува во Каиро за лично и како прв од странските политички лидери да му го честита неговиот избор.

Саудиска Арабија го помага Египет уште од јули минатата година, кога тогашниот министер за одбрана и началник на Генералштабот на египетската армија Ал Сиси го тргна од власт Мохамед Морси, избраниот исламистички претседател кој сега е во затвор.

Ријад остро се противи на засилената моќ на исламистите и на Муслиманското братство, по раширувањето на т.н. Арапска пролет низ неколку арапски и северноафрикански земји.

Саудиска Арабија и земјите од Персискиот Залив сега настојуваат Египет да стане бедем што ќе го заштити регионот од разгорените воени конфликти во Сирија, а сега и во Ирак, што може да ги доведат во прашање и сегашните државни граници на Блискиот Исток.

Земјите од регионот на Заливот уште од почетокот беа против Морси и со голема загриженост гледаа на растот на Муслиманското братство во Египет, како и на забрзаната исламизација на оваа земја, а отворено застанаа на страната на антиисламистичките сили и на поранешниот генерал, сегашен претседател, Сиси.

Во изминатите 11 месеци Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати донираа над 20 милијарди долари за да му се помогне на Ал Сиси да ја зајакне својата позиција во Египет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ