Саудиски принц ја поддржува иницијативата на жените да им се дозволи да возат автомобил

Од:

Саудискиот милијардер, принцот Алвалид бин Талал изјави дека ја поддржува иницијативата на жените во таа земја да им се дозволи да возат автомобил.

Талал оцени дека тоа ќе придонесе кон саудиската кампања за намалување на бројот на странски работнции во Саудиска Арабија.

– Со овозможувањето на жените да возат во Саудиска Арабија би се сочувале повеќе од 500 илјади работни места, а освен тоа ќе има социјални и економски предности, истакна принцот во својот профил на Твитер.

Во Саудиска Арабија во сила е ултраконзервативното толкување на исламот и на жените им е забрането да возат автомобил.

Во земјата работа повеќе од осум милиони странци.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија