Саудиска Арабија со повик до меѓународната заедница да го осуди нападот

Од:

Саудиска Арабија ја повика меѓународната заедница „да преземе одговорност во осуда на сторителите“ и „јасно да се спротистави“ на оние што стојат зад нападот врз нејзините нафтени постројки во текот на викендот.

Во соопштение по состанокот на Владата, кралот Салман нагласил дека Саудиска Арабија е во состојба да се одбрани од таквите „кукавички напади“.

Саудиската Влада соопшти дека нападите врз нафтеното поле „Арамко“ и голема рафинерија на сурова нафта се закана за меѓународната безбедност и глобалното снабдување со енергенси.

Владата ги повтори обвинувањата дека иранско оружје е користено во нападот.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија