Саудиска Арабија планира да основа град за прием и собирање аџии

Од:

Саудискиот министер задолжен за аџилакот, Бандар бин Михамед Хаџар, изјави дека неговото Министерство внимателно разгледува основање град за прием и собирање на верниците, за време на аџилакот.

Тој наведе дека градот ќе има напреден систем на услуги и се што е неопходно за аџиите. Саудијците мора да изнајдат начини како да се изборат со големиот метеж, особено во деновите на аџилак, а ова се смета за идеално решение, пишуваат арапски медиуми.

Министерот Хаџар, исто така потсети дека кралот Абдула издвоил големи пари за развој на транспортна мрежа за време на минатиот рамазан, кога во Мека исто така престојуваа голем број верници.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија