Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Од:

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во проширување на инвестициите и трговијата со САД во следните четири години, соопшти денеска саудиската државна новинска агенција.

За време на телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман рече дека очекуваните реформи на администрацијата на Трамп може да доведат до „невиден економски просперитет“, објави Ројтерс.

Саудиска Арабија сака да ги искористи овие услови за да ги реализира своите инвестиции, иако во извештајот не е прецизирано дали 600-те милијарди долари ќе дојдат од јавни или приватни фондови, ниту како ќе бидат распределени. За време на неговиот прв мандат, Трамп воспостави блиски односи со земјите од Заливот, вклучувајќи ја и Саудиска Арабија, која инвестираше 2 милијарди долари во фирма основана од зетот на Трамп и поранешен советник, Џаред Кушнер.

По неговиот реизбор во понеделникот, Трамп рече дека ќе ја смета Саудиска Арабија како прва дестинација за странски посети доколку Ријад се согласи да купи американски производи во вредност од 500 милијарди долари, слично на она што го правеше за време на неговиот прв мандат, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“