Претседателот на Јемен, Абд Рабо Мансур Хади изјави денеска дека Саудиска Арабија ќе отпушти помош во износ од десет милијарди долари за обновувањето на провинциите, кои беа заземени од Хуите, вклучувајќи и две милијарди долари во форма на депозит во Централната банка.
Ријад, кој ја предводи арапската воена коалиција за поддршка на Владата на Хади, не спомена официјално ништо за оваа помош.
Информацијата за помошта беше соопштена од јеменските државни медиуми, по средбата на претседателот со други државници во Аден.
Неколку гувернери на провинции учествуваа на таа средба, на која Хади ја повика Владата приоритет да му даде на обновувањето на инфрастуктурата во „ослободените зони“.
Тој повика за обновување на електроснабдувањето, водоснабдувањето, патиштата и комуникациите и услугите, како и здравството и образованието.