Саудиска Арабија: чувар на францускиот конзулат во Џеда ранет со нож

Од:

Саудиец е уапсен откако со нож го прободел чуварот на францускиот конзулат во Џеда, град во западна Саудиска Арабија, соопштија официјални саудиски медиуми и француската амбасада во таа земја.

„Напаѓачот беше уапсен од саудиските сили на редот веднаш по нападот. Чуварот е пренесен во болница и неговиот живот не е во опасност. Ги повикуваме нашите сонародници во Саудиска Арабија да покажат максимална будност“, пишува во соопштението на француската амбасада.

Полицијата во провинцијата Мека, каде се наоѓа Џеда, соопшти дека напаѓачот бил Саудиец, но не ја одредил националноста на чуварот, кој бил полесно повреден. Француската амбасада во Ријад остро го осуди овој напад. Ниту амбасадата ниту саудиските власти не го наведоа мотивот за нападот.

Нападот се случи во време на гнев на Блискиот исток и во муслиманскиот свет, разгорен и од некои високи државни претставници на муслиманските земји, против францускиот претседател Емануел Макрон, кој вети дека Франција нема да се откаже од карикатурите на пророкот Мухамед, што предизвика повици за бојкот на француските производи во арапските земји. Муслиманите ширум светот го слават раѓањето на пророкот Мухамед овој четврток.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија