Саудиска Арабија: 44 жртви на САРС

Од:

Министерството за здравство на Саудиска Арабија, соопшти дека уште две лица починале од тешкиот акутен респираторен синдром (САРС), со што бројот на жртви се зголеми на 44, за оваа година.

Во соопштението се наведува дека, четириесет и едногодишната здравствена работничка и седумдесет и деветгодишниот Саудиец, се најновите жртви на опасниот Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС).

Вирусот потекнува од истото семејство на кое што припаѓа и вирусот САРС, кој што во 2003 година однесе 800 човечки животи, наведе „Асошиејтед прес“.

Најновите податоци вршат дополнителен притисок на саудиските официјални лица, во обид да се изборат со опасниот вирус, во време на претстојниот аџилак, кога милиони муслимани, ќе се упатат до најсветото место на исламот, Мека.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ