Санкт Петербург: Украински агент со бомба уапсен во метро

Од:

Украински агент кој носел бомба е уапсен денес во метрото на Санкт Петербург, соопшти руската безбедносна служба (ФСБ).

Агентот наводно имал намера да постави бомба под вработен во одбранбената индустрија, објави Интерфакс.

„Импровизирана експлозивна направа маскирана како GPS тракер е пронајдена и запленета кај осомничениот. За време на испрашувањето, уапсениот објаснил дека извршил нелегални дејствија во замена за паричен надомест добиен во крипто паричник“, се вели во соопштението.

Осомничениот е 21-годишен руски државјанин кој контактирал со украинските разузнавачки служби.

Тој им обезбедил картографски и геодетски податоци добиени на неговото работно место, а исто така ги следел и персоналот во одбранбената индустрија во Санкт Петербург и Ленинградската област.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија