Санчез: Ситуацијата во Газа е катастрофална и геноцидна

Од:

Појасот Газа е во катастрофална геноцидна ситуација, изјави денес шпанскиот премиер Педро Санчез, повикувајќи на суспендирање на договорот на Европската Унија со Израел.

Во разговор со новинарите пред самитот на ЕУ во Брисел, Санчез го истакна неодамнешниот извештај на дипломатската служба на ЕУ за состојбата со човековите права во палестинската енклава, велејќи дека е „повеќе од очигледно“ дека Израел ги крши своите обврски и дека ЕУ треба веднаш да го суспендира договорот за соработка.

Во извештајот на ЕУ за состојбата со човековите права во Газа се наведуваат израелските блокади на хуманитарна помош во Појасот Газа, голем број цивилни жртви, напади врз новинари и масовно раселување и уништување во контекст на војната.

Би можело да ве интересира

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

Дисциплинска постапка против шпанскиот премиер поради водење официјална кампања

А1он

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети