Санчез не доби поддршка за формирање на влада, втора шанса во вторник

Од:

Привремениот шпански премиер Педро Санчез ја пропушти првата од двете шанси да добие согласност од шпанскиот парламент за формирање на левичарска коалициска влада.

Санчез ќе има втора шанса во вторник да добие поддршка за формирање влада со неговите социјалисти и партијата „Обединети можеме“, која се залага за независоност на Каталонија.

Како што се очекуваше, Санчез денеска освои 166 гласови, а потребни му се 176 за мнозинство, пренесува АП.

Пратениците од трите најголеми десничарски партии и другите помали партии гласаа со 165 гласови против, додека осумнаесет пратеници беа воздржани.

Санчез претходно најави дека очекува во вторник да биде формирана владата, надевајќи се на добрата волја пратениците кои се изјаснија како воздржани.

Санчез беше на чело на техничката влада нешто помалку од една година.

Поради неможноста да формира влада, Шпанија се уште не го ратификувала Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата