Синоќа во Багдад се случи самоубиствен напад врз Нахраван, трговски центар во југоисточниот дел на градот во кој го загинаа најмалку 17 луѓе, а 31 беа повредени.
Двајца напаѓачи ги убивале цивили пред да го активираат експлозивот што го носеле на себе, соопштија од ирачкото МВР.
Нападот бил насочен кон шиитската милицијата Хашд ал Шааби, која војува против Исламска држава заедно со ирачките безбедносни сили.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.