Самоубиствен напад близу резиденцијата на јеменскиот претседател

Од:

Самоубиствен напад со автомобил-бомба беше извршен денеска во близина на резиденцијата на јеменскиот претседател Абед Рабо Мансур Хади во јужниот град Аден, пренесува БТА повикувајќи се на претставници на градските власти и очевидци. 

Има информации за неколкумина загинати и повредени, но точниот број сеуште не е потврден. 

Нападот бил извршен на контролен пункт на околу половина километар од претседателската палата. 

Се уште нема информација дали јеменскиот претседател бил во зградата за време на нападот. 

Хади престојува во Аден бидејќи главниот град Сана е под контрола на шиитските бунтовници Хути. 

Околу 6.000 луѓе беа убиени во конфликтот меѓу силите на меѓународно признаената влада поддржана од сунитската коалиција на чело со Саудиска Арабија и бунтовниците поддржани од шиитски Иран.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен