Самоа прва ќе влезе во 2019 година

Од:

Тихоокеанската островска држава Самоа е првата во светот која ќе го прослави доаѓањето на новата 2019 година, откако пред неколку години ја смени својата временска зона.

Претходно оваа земја беше последната што ја дочекуваше Новата Година.

Во 2011 година Самоа направи „скок во иднината“ кога го помести времето напред за 24 часа, го прескокна 30 декември 2011 година и премина директно на 31 декември.

Локалните жители и туристите во Самоа имаат шанса да бидат дел од две новогодошни празнувања – прво на полноќ да прослават во Западна Самоа, а утрото да поминат 164 километри до источниот дел на островите, кои припаѓаат на САД, и да повторно, овој пат последни во светот, да ја дочекаат 2019 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ