Бразил задоволно ги закачи на закачалка фудбалските копачки по она што беше оценето како успешно Светско фудбалско првенство – можеби не за домаќинот, туку заради илјадниците фудбалски фанови кои отидоа таму за да ги следат натпреварите.
Домаќинлукот на Бразил сега ќе се префрли од стадионите кон политиката, земјата ги пречека лидерите од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, на шестиот самит на БРИКС во југоисточниот град Форталеза.
Тоа е годишен дипломатски собир кој ги прибира овие регионални лидери и економски моќници. И секогаш кога тоа се случува, се отвора прашањето дали групата БРИКС не е ништо повеќе отколку за уво привлечен синоним.
– Брикс не е трговски блок, тоа е група на букви кои составуваат збор кој е искован од еден економист, вели Хозе Аугусто де Кастро, претседател на бразилската Асоцијација за трговија со странство. „Ако Бразил извезува во Кина, Индија или Русија, или обратно, од тоа нема никаква корист – тоа е само неформално групирање“.
Низок извоз
А далеку од Форталеза во најјужната држава во Бразил, Рио Гранде до Сул, на границата со Аргентина, изгледа се потврдува овој впечаток.
Мишелине Грингс Твигер гордо не шета по Пикадили, семејната фабрика за чевли. Четири производни линии во фабриката се преполни со луѓе кои кројат материјали, лепат потпетици и пакуваат во кутии само дел од деветте милиони чифта чевли кои фабриката ги произведува секоја година.
Мишелине вели дека Пикадили минала многу премрежја откако дедо и ја основал компанијата речиси пред 60 години. Со четири илјади вработени, таа извезува во 90 земји низ светот. Но повнимателен поглед врз бројките открива дека од сите извезени чевли, само 10 проценти одат надвор од Јужна Америка.
Бразил е една од најзатворените светски економии. Според Светска банка, извозот учествува само со 13 проценти во БДП – кај сојузниците во БРИКС извозот е речиси двојно поголем. И додека Чиле е најголемиот трговски партнер за Бразил, односите се основата на апетитот на Кина за акцизни стоки. И тука завршуваат овие односи – за повеќето други индустрии, Кина се гледа како закана.
– Постојано се натпреваруваме затоа што никој не може да произведе чевли по цени како што го прави тоа Кина, вели Мишелине. „Истовремено, тоа е и голема шанса со оглед на големината на пазарот, би било лудо да не се смета на Кина како голем пазар за нас“.
Иако трговијата можеби не е најсилната страна на БРИКС, едно нешто кое ги зближува овие земји е нивното незадоволство со сегашниот светски поредок. Тие чувствуваат дека со нивното население и економската моќ, заслужуваат поголема политичка улога во светот – онаа која традиционалните западни институции не им ја признаваат.
Трговија југ-југ
– БРИКС е повеќе отколку само економски односи – тоа е истовремено начин овие земји да се разликуваат и одвојат од западното влијание, вели Харолд Трункунас, експерт за Латинска Америка во Институтот Брукингс во Вашингтон.
– Бразил се гледа како дел од земјите кои се во подем и критични за сегашниот меѓународен систем кој е структуриран на начин кој не ја одразува актуелната дистрибуција на моќ и влијание во светот.
Дипломатските напори на Бразил во изминатата деценија и повеќе го засилува овој впечаток – под раководство на поранешниот претседател Лула да Силва, Бразил промовираше соработка „југ-југ“ – размена на знаења и технологии и градење на односи помеѓу земјите во подем на глобалниот југ.
Но додека политички е важно што земјата се обидува да се тргне настрана од големиот дисбаланс во трговијата со Кина, кој може да се случи и без реториката југ-југ, од тоа нема голема корист економијата на Бразил, вели Питер Хаким, прв претседател на Интерамерикен дајалог. „САД, ЕУ и Латинска Америка, покрај Кина, остануваат клучните трговски партнери за Бразил“.
Па така, додека жалбите за светскиот поредок се разликуваат, пристапот за справување со тоа останува слаб. Но овогодинешниот самит можеби ќе биде поразличен – се очекува лидерите да најават планови за основање на Банка за развој на БРИКС, која ќе биде ривал на Светска банка, чекор кој се смета за многу значаен.
Забавување на растот
– Досега имало само неформални планови и сега првпат тие ќе основаат вистинска институција, вели Оливер Стуенкел, професор по меѓународни односи во Фондацијата Гетулио Варгас во Сао Паоло.
– Големото прашање е дали оваа институција може вистински да и се спротивстави на Светска банка и да создаде чувство на конкуренција, или дали тоа ќе биде само симболично, но мислам дека сето тоа делумно ќе зависи и од тоа како овие земји работат заедно“.
Моќта на банката исто ќе зависи од финансиите – колку овие земји можат да учествуваат во банката за развој. Економиите во БРИКС забавуваат. Растот на Бразил беше само 0,2 проценти во првите три месеци од оваа година. И додека се чекаат изборите во земјата во октомври, фокусот на Бразил се сврте кон домашните проблеми.
– Не мислам дека ако Бразил сега разммислува за овие планови кои се засега само планови, дека вистински ќе размислува за Банката за развој на БРИКС, вели Џејмс Локхарт-Смит, аналитичар за ризици во Латинска Америка во Мејплкрофт од Њујорк. „Таа ќе биде пофокусирана на рестарирање на растот во земјата“.
Но во време на бавен раст, на Бразил можеби му се потребни овие економии на своја страна повеќе од било кога претходно. Покрај ова, трговијата со проблематичната Аргентина – која традиционално е нејзин најголем трговски партнер – во последниве години стана уште послаба.
Па основањето на банка за развој која ќе ја обедини оваа група и ќе му даде на БРИКС некаква шанса, можеби и ќе се исплати, и политички и економски.
Би-Би-Си – Лондон