Самит на ЕУ за проблемите со илегалните имигранти

Од:

Лидерите во Европската унија денеска во Брисел треба да усвојат итни и темелни мерки за спречување на масовниот прилив на илегални имигранти така што, освен со спасување, ќе разбијат и мрежи на организиран криминал.

Предложено е и, особено во близина на брегот на Либија да се уништуваат бродови пред во нив да се качат илегалци.

Шпанија и Италија побараа со одобрување од ОН, со воено-полициска операција да разбијат средишта на криминалци кои се занимаваат со трговија со луѓе особено во либиски пристаништа, вклучително уништување нивни бродови.

Таква меѓународна операција веќе со успех е применета против пирати бллизу брегот на Сомалија.

Неопходни се системски напори за да се идентификуваат, запленат и уништат бродовите пред да бидат користени за трговија со луѓе, се вели во нацрт декларација на вонредната средба на врвот.

Планот предвидува удвојување – од три на шест милиони евра на месечниот буџет на граничната служба на Еу – Фронтекс, за спасувачките мисии Тритон во водите на Италија и Посејдон, во водите на Грција.

Ќе биде разгледан и предлогот државите членки да прифатат по најмалку 5.000 луѓе кои добиле азил и да се покаже солидарност со најпогодените држави од бегалскиот бран.

Италијанскиот премисер Матео Ренци нагласи синоќа дека Италија е „во војна“ со трговците на мигранти и упати повик до Европската унија да преземе силна акција да се запре понатамошно губење животи на луѓе во Медитеранот.

Ренци ја даде изјавата пред денешниот самит на ЕУ чија централна тема ќе биде кризата со имигрантите.

Италијанската министерка за одбрана Роберта Пиноти изјави за италијанската телевизија Италијан ТВ дека ЕУ би требало да разгледа воена интервенција.

Повеќе од 800 имигранти се удавија во неделата близу брегот на Либија со што бројот на жртви оваа година е веќе 1.750.

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Антонио Гутереш изјави вчера дека неодамнешната несреќа со имигрантите во Средоземното Море, во која 800 луѓе ги загубија животите ја покажува потребата од координирани спасувачки операции.

Гутереш истакна дека несреќата со пренатрупаниот брод со имигранти, кои тргнале од Либија „потврдува колку е итно потребено да се воспостават зајакнати операции за спасување на море“.

– Нашата способност да спасуваме животи не мора да биде гарантирана, бидејќи актуелната ситуација претставува огромна трагедија, изјави тој на состанокот на Организацијата на американските држави во Вашингтон.

– Има такви кои се занимаваат со трговија со луѓе, а ние мора да зеземеме остар курс кон нив, бидејќи тие ги кршат човекови права, додаде Гутереш.

Голем број луѓе се обидуваат да побегнат од војната и сиромаштијата на Блискиот исток и Африка што предизвикува голем број жртви во несоодветни и често пренатрупани бродови и чамци.

Меѓународната организација за миграција соопшти дека од почетокот на 2015 година има 30 пати повеќе смртни случаи отколку во минатата година и оти бројот на жртви меѓу мигрантите може да се зголеми на 30.000 до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје