Самит АСЕАН – Јужна Кореја

Од:

Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун денеска во индустрискиот центар Бусан на југот на државата, го отвори самитот Јужна Кореја – АСЕАН, посветен на унапредувањето на економските односи.

На самитот, што ќе трае два дена, учествуваат и шефовите на држави или влади на Индонесија, Брунеј, Камбоџа, Лаос, Малезија, Мјанмар, Тајланд, Филипините, Виетнам и Сингапур, како и 500 најзначајни бизнисмени од регионот.

Претседателката Парк потсети дека од 1989 година, кога е потпишан првиот договор за соработка со АСЕАН, Јужна Кореја со оваа групација остварува успешна соработка. До 2006 година вкупната трговска размена изнесувала 63 милијарди долари, а од таа година, кога е потпишан договор за слободна трговија, економската размена до лани пораснала на 130 милијарди долари годишно. Тоа значи дека АСЕАН, по Кина, е најзначајниот економски партнер на Јужна Кореја.

Државите од АСЕАН, кои од идната година стануваат Економска заедница, со правила речиси идентични на оние од Европската Унија, очекуваат и значајна финансиска поддршка на Јужна Кореја во финансирање на проектите за осовременување на сообраќајната инфраструктура во регионот.

Според најавите, во државите на АСЕАН до 2025 година се планираат вложувања од над седум илјади милијарди долари, за изградба на нови аеродроми, патишта, брзи железнички линии и пристаништа.

Би можело да ве интересира

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

Јужнокорејските истражители не успеаја да го уапсат суспендираниот претседател

Јун Сук Јеол одби да биде уапсен, вели „ќе се бори до крај“