Саливан: САД планираат нови напади против проирански групи

Од:

САД планираат да преземат дополнителни напади по убиството на тројца американски војници од страна на милициите поддржани од Иран минатиот викенд, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

„Имаме намера да извршиме дополнителни напади и акции, да продолжиме да испраќаме јасна порака дека Соединетите Држави ќе одговорат кога нашите сили ќе бидат нападнати и нашите луѓе ќе бидат убиени“, рече Саливан за „Meet the Press“ на NBC.

Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа напади врз локации во Јемен против Хутите, како и цели во Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“