Салафистичката партија Нур соопшти денеска дека се повлекува од разговорите за нов премиер и формирањето преодна влада.
Тие го осудија убиството на исламистички демонстранти пред зградата на Републиканската гарда во Каиро.
– Одлучивме итно да се повлечеме од преговорите како одговор на убиствата што се случија утрово, објави на Твитер портпаролот на партијата Надер Бакар.
Според извештаи на медицински извори, на кои се повикуваат западни медиуми, бројот на загинати во престрелките пред воената база е 16.