Американскиот професор по економија Џефри Сакс рече дека САД погрешно верувале во униполарноста на светот.
Тој наведува дека и Америка верувала во својата супериорност по 1991 година, што доведе до влошување на односите со Русија и напната меѓународна политичка ситуација.
Сакс смета дека украинската криза е последица на тензиите во односите меѓу Вашингтон и Москва во последните 25 години.
Америка можеше да ги спречи проблемите што се појавија, но поради перцепцијата за нејзината улога на светската сцена по 1991 година, ја пропушти таа можност, изјави Сакс.
„САД беа убедени во униполарноста на светот и дека можат да направат практично сè што сакаат, вклучително и распоредување воени бази каде и кога им одговара, склучување и раскинување на договори по своја волја без никакви сериозни последици“, рече Сакс во интервјуто за „Њујоркер“.
Сакс смета дека една од главните грешки на Вашингтон е проширувањето на НАТО. Тогаш, во 90-тите, многу американски политичари мислеа дека тоа е „фатална грешка“, рече тој.
Потоа следеше бомбардирањето на Србија и натамошното проширување на НАТО, што негативно се одрази на односите меѓу САД и Русија, посочува тој и потсетува дека поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот спроведе неколку бранови на проширување на Алијансата, а последната фаза беа обидите Грузија и Украина да се приклучат на блокот.
„Тоа конкретно не стави на патот не само на апсолутно влошување на односите, туку на патот на таа војна“, рече Сакс.
Тој укажа и на влијанието на американската политичка елита врз државниот удар во Украина во 2014 година.
– Искористувајќи ја ситуацијата, Вашингтон дејствуваше активно и директно – им плати огромна сума на пари на оние кои раководеа со Мајдан и го спонзорираа тој пуч, истакна Сакс.