САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Од:

Полицијата во Вашингтон истражува закана со бомба упатена во седиштето на Демократскиот национален комитет (ДНК), потврди извор од федералните органи за спроведување на законот.

Зградата моментално е во процес на темелно пребарување, но според првичните информации, досега не се пронајдени експлозивни направи. До канцелариите на американскиот Сенат е испратено итно известување со кое се предупредува персоналот да ја избегнува областа околу седиштето на ДНК.

„Ве молиме известете го вашиот персонал. Полицијата во Капитол реагира на инцидент во седиштето на Демократскиот национален комитет (ДНК). Од персоналот се бара да се држи подалеку од полициските активности“, се вели во соопштението на полицијата во Капитол.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Внатрешните немири во Белата куќа ги обликуваат пораките на Трамп за војната со Иран

Келог: Време е за нов сојуз

Во тек се индиректни преговори меѓу САД и Иран

„Њујорк тајмс“: Иран сè уште не е подготвен за преговори за завршување на војната

Багеи: Нападите на САД и Израел врз иранските цивили претставуваат геноцид

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва