САД воведоа санкции за финансиските посредници на Исламска Држава

Од:

По серијата терористички напади во Кабул, за кои одговорност презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД), САД денеска воведоа санкции за лица обвинети дека дејствувале како финансиски посредници на огранокот на таа организација во Авганистан.

Американското Министерство за финансии соопшти дека на „црната листа“ се наоѓа Исматула Халозаи, кој е обвинет за управување со неформална мрежа за трансфер на пари со седиште во Турција, позната како „хавала“, која служи за пренос на средства за финансирање на ИД.

Стејт департментот денеска, исто така, идентификува тројца мажи како специјално обвинети светски терористи поради нивната водечка улога во авганистанскиот огранок на Исламската држава, се наведува во соопштението на американското Министерство за финансии.

– Денешните мерки ја нагласуваат решителноста на САД да ја спречат ИД и нејзините членови да го користат меѓународниот финансиски систем за поддршка на терористичките акти во Авганистан и на други места, изјави Андреа Гаки, директор на Управата за контрола на странски капитал при американското Министерство за финансии.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски