САД воведоа санкции против новиот потпретседател на Венецуела Тарек ел Аисали

Од:

Американската администрација одлучи да воведе санкции против новиот венецуелски потпретседател Тарек ел Аисали, кого властите на САД го обвинуваат за вмешаност во шверц на дрога.

Со санкциите, на Аисали му се замрзнати парите и имотот на американската територија и му е забранет влез во САД.

Санкции се воведени и за богатиот венецуелски бизнисмен Самарк Бело, за кого е вели дека бил „предводник“ на потпретседателот Аисали.

На оваа функција тој е поставен во минатиот месец, со одлука на претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

Според аамериканските медиуми, засега, нема реакција на властите во Каракас, но самиот Аисали, претходно, ги демантирал сите обвинувања за неговите криминални врски.

Американското министерство за финансии, меѓутоа, го обвинува венецуелскиот потпретседател дека бил вклучен во илегалната дистрибуција на наркотици од Венецуела, по воздушен и морски пат. За него се тврди дека бил на „платниот список“ на венецуелскиот нарко-лорд Валид Маклед, обезбедувајќи им на криминалните банди сигурна испорака на дрогата.

Тарек ел Аисали е поранешен гувернер на сојузната држава Арагуа, а претходно на двапати бил министер во владата во Каракас, за внатрешни работи и за имиграциски прашања.

Изминатите денови, медиумите во САД открија дека актуелниот потпретседател бил дел од илегалната шема за издавање пасоши на Венецуела и документи за идентификација на лица од Блискиот Исток, преку венецуелската амбасада во Багдад.

Американците го обвинуваат дека на тој начин, Аисали бил во врска и со милитантната шиитска организација Хезболх од Либан.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ